Connect with us

Хусреф Мусемиќ ќе биде нов тренер на Стефан Ристовски и Агон Елези во Сараево

Сараево доби нов тренер. Ова и за нас е важна информација, со оглед дека во последно време клубот има и „македонска“ нишка.

Крсте Велкоски ја извршува функцијата спортски директор, а летово во редовите на „бордо“ тимот пристигнаа и Стефан Ристовски и Агон Елези.

Велкоски како спортски директор ја имаше честа да го претстави легендарниот Хусреф Мусемиќ како нов тренер. Тоа ќе биде негов дури шести мандат на клупата на Сараево.

Мусемиќ е добро познато име – поранешен легендарен фудбалер на Сараево и Црвена Звезда, како и репрезентативец на поранешна СФРЈ.

Навивачите на „бордо“ тимот и пошироката јавност во БиХ со воодушевување ја пречекаа одлуката на Велкоски да го врати Мусемиќ на кормилото на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови