Connect with us

Хојлунд јасен: Сакам да останам и да се борам за местото во Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, доби пофалби од новиот менаџер Рубен Аморим за настапот против Борнмут (4-1), а самиот играч по натпреварот изјави дека сака да остане на „Олд Трафорд“ и да се избори за позиција на стартер.

Иако „црвените ѓаволи“ веќе донесоа две офанзивни засилувања – Матеус Куња и Брајан Мбемо – и се шпекулира дека клубот ќе ангажира уште еден класичен напаѓач до крајот на летниот преоден рок, со Бењамин Шешко како главна цел, Хојлунд не се поколеба.

„Досега од клубот не ми кажале ништо конкретно. За мене најважно е да продолжам напорно да работам и да останам фокусиран. Моја цел е јасна – сакам да останам тука и да се борам за своето место, без разлика на сè“, рече 22-годишниот Данец.

Тој истакна дека конкуренцијата не му пречи – напротив.

„Конкуренцијата е здрава. Целосно сум подготвен и чувствувам дека сум во добра форма. Минатата сезона беше тешка за сите. Да, можев да бидам подобар, но тоа важи и за целиот тим. Сега сме на добар пат – последните два натпревари покажаа напредок.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови