
Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа со 5-0 против соодветната селекција на Молдавија во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир ЕП кој се одржува во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на Катерина Милеска одиграа одличен меч во кој во целост го надиграа противникот и остварија сосема засллужено победа.
Настасја Накова го обележа овој натпревар во кој успеа да постигне три погодоци.

Резултатот го отвори најдобрата поединка на денешната средба, Настасја Накова во 29. минута. Истата фудбалерка во 51. минута стрелаше за 2-0. Три минути подоцна, Калина Попески го постигна третиот погодок на денешната средба. Ева Величкова беше стрелец на четвртиот гол во 66. минута, а Настасја Накова во 77. минута го комплетираше хет – трикот и ги постави конечните 5-0.
Квалификациски турнир во Скопје
Жени до 17 години
Македонија – Молдавија 5-0 (1-0)
МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;
Селектор: Катерина Милеска;
На 12. март од 11.часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” играме со Словенија.
Меѓусебната пресметка, Молдавија и Словенија ќе ја одиграат на 9. март, со почеток во 13. часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн се договорил со Џошуа Кимих за нов договор
