
Фудбалерот за врска на Ливерпул, Харви Елиот, е пред разделба со клубот. Тоа го навести самиот тој во едно од интервјуата по завршувањето на сезоната во Англија.
Денешните изданија на островските медиуми ја пренесуваат информацијата дека тој би можел да биде дел од зделката за доведување на Флоријан Вирц во Ливерпул.
„Црвените“ веќе испратиле официјална понуда во вредност од 109 милиони фунти, која моментно се разгледува од раководството на Баер Леверкузен. Според најновите информации, „аспирините“ и нивниот нов тренер Ерик тен Хаг покажуваат интерес за Харви Елиот, кој може да биде вклучен како дел од зделката за Вирц.
Ливерпул веќе го објави својот прв летен трансфер – Џереми Фримпонг, кој пристигна на „Енфилд“ токму од Баер Леверкузен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
