Манчестер јунајтед направи вистинска фудбалска сензација на гостувањето кај Атлетик Билбао – победи со убедливи 0-3 на „Сан Мамеш“ во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа. Стрелци – Кашемиро, Бруно Фернандеш од пенал, па уште еднаш Бруно од игра. Но, токму оној кој не се најде во листата на стрелци го украде шоуто – Хари Мегваер.
Играчот кој со години беше симбол за потсмев во модерниот фудбал, синоќа беше симбол на фудбалска поезија. Мегваер, некогаш исвиркуван, навредуван, и дури жртва на закани – синоќа во Билбао ја искористи вечерта како своја лична сцена за ренесанса.
Секој чекор му беше под лупа откако за рекордни 87 милиони евра дојде во Јунајтед од Лестер во 2019. Ја изгуби капитенската лента, клубот сакаше да се ослободи од него. А тој? Тој реши да се прероди.
Само пред две недели, во четвртфиналето против Лион, Јунајтед беше во бездната – 2-4 во продолженијата. Но, токму Мегваер прво асистираше, па сам ја реши драмата со гол за 5-4. И сега – ново чудо.
Harry Maguire, I am stood up applauding. pic.twitter.com/W18RSJRwuN
— han (@unitedhan) May 1, 2025
Во 30-тата минута против Билбао, Мегваер, истиот тој што го нарекуваа „труп“ – со два фудбалски потези кои би му доликувале на Роналдињо, го уништи чуварот Јаурегизар, проби по десната страна и испрати прецизен центаршут. Угарте, па Кашемиро – и топката заврши во мрежата.
Фановите беа во транс. Социјалните мрежи експлодираа: Го нарекод „Харидињо“.
Мегваер, скромен и насмеан по натпреварот, само рече:
„Брилијантно. Сигурен сум дека кружат многу прекари, но најважно е дека победивме.“
Од потсмев до инспирација – Хари Мегваер конечно ја има својата фудбалска поема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













