Ханси Флик зборуваше по ремито 3-3 на неговата Барселона во првиот полуфинален натпревар против тимот на Интер.
„Мислам дека не започнавме добро. Примивме два гола, но потоа се вративме во игра. Второто полувреме беше спектакуларно. Ни останува уште еден натпревар и мора да победиме. Ова е финале пред финалето“, изјави Флик.
Иако не дојдоа до целосен триумф, ремито само по себе е голем успех за Каталонците, бидејќи во еден момент од натпреварот губеа со 0-2.
„Станува збор за полуфинале во Лигата на шампионите, за одлични екипи. Тие имаат големо искуство и тоа го докажаа. Играат многу добро при прекини. Тие знаеја како да го искористат тоа“, додаде Флик.
На крајот, германскиот стратег заврши со мислење за состојбата на неговиот играч Жул Кунде.
„Не знам каква е состојбата со Жул Кунде, ќе мора да почекаме да ги мине прегледите“, заврши Флик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













