
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство по победата од 0-3 над Атлетик Билбао во последното коло. Тој изјави дека ова бил совршен крај на сезоната, која заврши со титула и куп за каталонците.
„Ова навистина беше совршен крај на сезоната. Разговаравме со играчите дека сакаме да завршиме силно и да ја покажеме играта што ја игравме цела сезона. Задоволен сум од тоа што го видов. Атмосферата на стадионот беше одлична, а збогувањето со Де Маркос – фантастично. Сега ќе одиме на одмор“, изјави Флик.
Тој беше запрашан и за своето мислење за Чаби Алонсо, кој ќе го води големиот ривал Реал Мадрид од следната сезона.
„Не сум изненаден што Чаби Алонсо беше објавен како нов тренер на Реал. Имам разговарано со него неколкупати и многу го ценам, како и неговата фудбалска филозофија. Се сретнавме во Леверкузен. Под негово водство, тимовите се подобруваат. Среќен сум за него“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Талевски: Оваа Македонија У21 има победнички менталитет

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чурлинов се збогува со Јагиелонија

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо му кажа „чао“ на Ал-Наср
