Connect with us

Хакими ја „издриблал“ сопругата пред разводот

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими е обвинет за силување на 24-годишна девојка во Париз, во викенд кога не смееше да игра за ПСЖ, а неговата сопруга и децата биле на пат. Сопругата Хиба Абук побарал развод кога дозна за обвинувањата.


Како што пишува францускиот магазин „First Mag“, а пренесува шпанската „Marca“, Абук и Хакими се појавиле на суд за да разговараат за поделбата на имотот стекнат за време на бракот. Но, Абук наводно била шокирана кога дознала дека Хакими, правно гледано, нема ништо во негова сопственост.


Имено, фудбалерот со години ја префрлал целата своја заработка и имот на мајка си, за да не мора ништо да и плаќа на наскоро поранешната сопруга по разделбата.


Хиба Абук е позната шпанска актерка и заработува доволно во кариерата за да живее добро и без парите на Хакими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови