Македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов и официјално е нов член на хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Тој потпиша тригодишен договор со сплитските „вбили“, ќе го носи дресот со број „20“ и треба да претставува голема инвестиција за иднината.
„Го следам првенството на Хрватска, знам каде доаѓам, знам дека Хајдук е голем клуб со огромна историја, знам дека Хајдук има добри навивачи. Кога дојде понудата од Хајдук, разговарав со татко ми и брзо беше донесена одлуката декаќе ја прифатам. Тоа и се случи и еве сум на „Пољуд“, изјави Атанасов на промоцијата во Сплит.
Тој е третиот македонски репрезентативец кој летово му пристапи на Хајдук, по младите вардаров таленти Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski