Connect with us

Гвардиола: Грилиш треба да одлучи дали ќе остане во Манчестер Сити

Пеп Гвардиола призна дека Џек Грилиш може да го напушти Манчестер Сити ова лето, откако не беше вклучен во составот за последниот натпревар на клубот оваа сезона. „Граѓаните“ славеа како гости против Фулам со 0-2, со голови на Илкај Гундоган и на Ерлинг Халанд.

„Тоа беше едноставно избор“, изјави Гвардиола и додаде: „Секако, Џек треба да игра. Тој е неверојатен фудбалер кој треба да игра на секои три дена.“

„Тоа не се случи ниту оваа, ниту минатата сезона. Тој треба да го направи тоа, било кај нас или некаде на друго место. И тоа е прашање за Џек, неговиот агент и клубот. Ако остане, ќе биде добро – тој се бори, како што се бори од првиот ден, за да даде свој придонес“, продолжи шпанскиот стратег.

29-годишниот Џек Грилиш потпиша за Сити доаѓајќи од Астон Вила во 2021 година за рекордни 100 милиони фунти – најскап трансфер во историјата на британскиот фудбал. Тој одигра клучна улога во освојувањето на Премиер – лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот, а две години подоцна беше дел од историската тројна круна на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови