
Стратегот на Карабах, Гурбан Гурбанов, пред утрешниот реванш со Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, излезе со јасна порака, неговиот тим го очекува вистинска фудбалска битка.
„Нѐ чека сериозен предизвик. Шкендија е цврст и мотивиран противник, па ќе мораме да дадеме сè од себе. Подготовките ги завршивме, разговаравме со играчите и знаеме што треба да направиме. Првиот дуел покажа дека и двете екипи заслужуваа победа, но ние имаме мала предност. Ќе се бориме до самиот крај“, истакна Гурбанов.
Тој најави и можни измени во составот, а откри дека полскиот интернационалец Матеуш Кохалски е подготвен да се појави на терен.
Реванш мечот меѓу Карабах и Шкендија е закажан за утре во 18 часот на стадионот „Тофик Бахрамов“ во Баку, каде домаќините ќе ја бранат предноста од 1-0 од првиот меч во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка
