Карабах направи важен чекор кон плеј-офот во Лигата на шампионите, откако славеше минимално со 0-1 на гостувањето во Скопје против Шкендија. Голот од пенал беше единствен, но и доволен за предност пред реваншот во Баку, а искусниот стратег на азербејџанскиот шампион, Гурбан Гурбанов, не го криеше задоволството од настапот на своите фудбалери.
„Честитки за моите играчи – покажаа карактер и борбеност до последниот свиреж. Во вакви натпревари најважно е да се остане цврст и сконцентриран до крај. Секако, направивме неколку грешки, но резултатот беше клучен, и тој е на наша страна“, изјави Гурбанов.
Тој не штедеше комплименти и за ривалот Шкендија.
„Голем респект за Шкендија. Покажаа квалитет и против ФЦСБ, а и вечерва ни ја отежнаа задачата. Очекувавме тежок меч и точно тоа го добивме. Во Баку мора да бидеме уште подобри – не смееме да дозволиме неизвесност до самиот крај“, истакна тренерот на Карабах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













