
Грем Потер е изненадувачки кандидат да го замени Роберто де Зерби во Брајтон, пишуваат медиумите на Островот. Менаџерската позиција остана празна на крајот од сезоната во Премиер – лигата бидејќи Италијанецот го раскина договорот со „галебите“ со заедничка согласност.
Грем Потер, кој го напушти Брајтон во септември 2022 година и му се приклучи на Челси, како главен ривал го има Киран Меккена од Ипсвич. Сепак, „сините“ се уверени дека ќе го задржат својот менаџер за сезоната 2024/25.
Кариерата на Потер се развиваше со брзо темпо во Брајтон и не случајно доби шанса да води тим со шампионски амбиции откако ја започна 2022/23 година со четири победи, едно реми и еден пораз. Сепак, специјалистот не го постигна посакуваниот успех со Челси и беше ослободен пред крајот на сезоната.
Потер (47) го презеде Брајтон во мај 2019 година. Претходно беше тренер на Свонси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
