
Манчестер Сити ја оствари деветтата победа во Премиер – лигата откако ја доби „снежната забава“ против Вест Хем на „Итихад“. Островот го нападнаа снежни врнежи, но и тоа не им сметаше на фудбалерите на Пеп Гвардиола да победат со 2-1. Со ова се израмнија на врвот со Челси, со по 29 бода.
Илкај Гундоган во 33.минута донесе водство за „граѓаните“ на овој меч, а Фернандињо во 90.минута зголеми на 2-0. Вест Хем во последните мигови од судиското продолжение постигна почесен погодок преку Ланзини, но не можеше да го избегне поразот.
Лестер го совлада Вотфорд со 4-2, а двоен стрелец беше Џејми Варди. Емотивно враќање на „Кинг Пауер“ имаше Клаудио Раниери, кој сега е менаџер на Вотфорд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
