Манчестер Сити покажа дека и оваа сезона ќе биде неверојатно моќен во Премиер – лигата, иако на стартот загуби од Тотенхем. Тимот на Пеп Гвардиола во првиот меч на домашен терен славеше со 5-0. Во седмата минута, Тим Крул постигна автогол, а Џек Грилиш во 22.минута го постигна првенецот за Сити на „Итихад“.
Ејмерик Лапорт, Рахим Стерлинг и Ријад Махрез стрелаа во второто полувреме за убедлив триумф.
Астон Вила го совлада Њукасл со 2-0, со головите на Дени Ингс и на Анвар Ел-Гази. Лидс Јунајтед и Евертон одиграа 2-2. Клих и Рафиња беа стрелци за домаќинот, а Калверт – Левин и Греј погодија за Евертон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski