
Брегалница во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига утре од 14 часот ќе гостува на Работнички во Скопје на натпреварот кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
„Сините“ веруваат во позитивно издание и далеку поефикасна игра во однос на првиот пролетен дуел со Скопје, на кој без создавани шанси за погодок но изостана реализацијата.
Офанзивецот Ѓорѓи Ѓорѓиев пред утрешниот натпревар потенцира дека екипата е подготвена за предизвикот против силна екипа како Работнички која игра одлично во новата година, и низ пријателските натпревари, но сето тоа го покажа и на првиот првенствен натпревар пролетва со триумфот од 0-2 на гостувањето против Победа.
„Носиме целосен респект за екипата на Работнички, но знам и дека носиме голем мотив за надигрување со еден квалитетен противник. Сигурен сум ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат“ – вели Ѓорѓиев и дополнува:
„Атмосферата во тимот е навистина на едно високо ниво, самодовербата кај секој поединец мора исто така да биде на повисоко ниво и верувам дека ќе прикажеме подобра игра од претходното коло. Но и поефикасна игра, затоа што создаваме шанси но изостанува реализацијата. Сите во тимот знаеме дека навивачите очекуваат од нас позитивни резултати, па мора да го дадеме максимумот за да не ги разочараме“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
