Connect with us

Ѓока: Шкендија е подготвена за европско надигрување со Мура

Македонскиот првак Шкендија го стартува европскиот пат. Желбата е да се стигна што подалеку, сонот секако е пласман во групите од ЛШ, а прва пречка на патот е словенечкиот шампион Мура.

Шкендија утре (20 часот) на арената „Тодор Проески“ ќе го игра првиот дуел, а тренерот Ернест Ѓока смета дека тимот е подготвен за надигрување.

„Подготвени сме. Работевме напорно во изминатиот период, знаеме што не очекува, еден тежок и квалитетен ривал, но верувам во овој тим и се надевам на успех. Освен Бруно Дита, сите други фудбалери се подготвени за настап и верувам дека со поддршката од фановите ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, изјави тренерот на Шкендија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови