Connect with us

Ѓока: Потфрли реализацијата, ќе се обидеме да возвратиме во Словенија

Македонскиот орвак Шкендија загуби со 0-1 против Мура на првиот меч од квалификациите во Лигата на шампионите. Тимот на Ернест Ѓока создаде повеќе шанси, но реализацијата потфрли, а Бесарт Ибраими не успеа да искористи и пенал.

За разлика од Шкендија, тимот на Мура ја искористи својата шанса од белата точка, Лука Бобичанец погоди во 28.минута и тоа се покажа како решавачки момент на мечот.

„Недостигаше гол, еден или два. Имавме шанси, создадовме многу можности, но потфрливме во реализацијата. Така е тоа во фудбалот кога нема да се искористат шансите. Но, ово пораз нема да не поколеба да се подготвиме подобро за реваншот и да возвратиме со иста мера. Сепак, и таму ќе мора да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже“, изјави Ернест Ѓока.

Тренерот на Мура, Анте Шимунџа, и покрај триумфот во Скопје вели дека Шкендија не смее да се отпише.

„Ова беше еден отворен меч со многу шанси. Имавме среќа и подобра концентрација и победивме. Но, Шкендија никако не смее да се отпише. Како и што велев пред мечот, се ќе се решава на реваншот во Словенија. Драго ни е дека обезбедивме предност“, изјави Шимунџа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови