Најтиражниот италијански спортски весник „Газета дело спорт“ не пропушти да го одбележи најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал и пласманот на Европското првенство. Капитенот Горан Пандев гледа кон небото, а Елиф Елмас му приоѓа во прегратка.
Македонските „италијанци“ се во фокусот и на „чизмата“ затоа што направија неверојатен успех. За првпат Македонија ќе биде учесник на најголемиот самит на фудбалските селекции од Стариот континент.
За Македонија пишуваат во суперлативи сите, „Би-Би-Си“, „Ас“, „Марка“, медиумите од регионот на поранешна Југославија. Македонија е сензацијата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













