Џанпјеро Гасперини е сè поблиску да стане нов тренер на Рома. Според информации од италијанските медиуми, искусниот стратег веќе го информирал раководството на Аталанта за својата подготвеност да го напушти клубот, со што ќе стави крај на деветгодишната ера во Бергамо.
Гасперини се сретнал со сопствениците на Аталанта, Антонио Перкаси и Стивен Палиука. Додека претходно барал гаранции за продолжување на договорот, инвестиции во тимот и амбициозни цели за наредните сезони, сега ситуацијата е променета – 66-годишниот тренер, според написите, ја загубил мотивацијата по тоа што ја однесе Аталанта по петти пат во Лигата на шампионите во последните седум години и ја освои Лига Европа во 2024 година.
Гасперини веќе е во преговори со Рома за да го наследи Клаудио Раниери, кој привремено ја водеше екипата. Друг кандидат беше Сеск Фабрегас, но Комо не сака да го ослободи од договорот. Интересно е што и самиот Раниери имал разговор со Гасперини, што се гледа како подготовка за формални преговори.
Сепак, не е исклучено Гасперини да остане во Аталанта, ако не постигне договор со Рома. Како можни наследници на неговото место се споменуваат Игор Тудор, кој е актуелен тренер на Јувентус, и Маурицио Сари, кој последно го водеше Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













