
Алехандро Гарначо има сериозна желба да прејде во Челси доколку го напушти Манчестер Јунајтед, наместо да замине во Наполи.
Откако му беше јасно соопштено дека нема иднина под раководство на новиот менаџер Рубен Аморим на „Олд Трафорд“, Гарначо стана предмет на бројни шпекулации за трансфер во италијанската Серија А. Сепак, тој сака да остане во Премиер – лигата и го избира Челси како свој следен клуб.
„Сините“ од Лондон одамна се поврзуваат со Гарначо, а неговите агенти биле забележани на „Стемфорд Бриџ“ уште во текот на сезоната. Аргентинецот јавно изрази незадоволство од случувањата во Јунајтед, нарекувајќи ја сезоната пропадната по поразот во финалето на Лига Европа.
Гарначо е проценет на околу 50 милиони фунти, но сѐ уште не е јасно дали Челси ќе биде подготвен да ја плати таа сума.
Тој има договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година, но изгледа дека ќе го напушти клубот ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
