Connect with us

Галтие: Повредата на Нејмар е поради напорниот распоред

Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Кристоф Галтие, го обвини напорниот распоред за новата повреда на една од неговите ѕвезди Нејмар. Тој го повреди скочниот зглоб на неделниот првенствен натпревар против Лил (4-3).


Нејмар се повреди на почетокот на вториот дел при судир со дефанзивецот на Лил, Бенџамин Андре. Засега не е познато колку е сериозна повредата, а од клубот соопштија дека на Нејмар ќе му бидат извршени дополнителни прегледи во следните 48 часа.

Нејмар го повреди истиот зглоб на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година, а поради таа повреда не настапи на два натпревари за Бразил.

„Ова не е несреќа. Секогаш има причини за повреди, а во овој случај тоа е распоредот, односно серијата натпревари“, изјави Галтие.

Повредата на Нејмар дојде во незгоден момент за ПСЖ, кој наскоро го очекува реванш осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн, а парискиот тим загуби со 0-1 на првиот натпревар минатата недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови