Connect with us

Галтие е уверен дека и следната сезона ќе биде тренер на ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, е уверен дека ќе продолжи да биде тренер на парижаните и следната сезона.


„Работиме на контурите на тимот за следната сезона, на промените што сакаме да ги направиме за да се подобриме. Ова го правиме веќе неколку недели, а минатата недела направивме детален план. Планирам да бидам тренер на ПСЖ и следната сезона“, изјави Галтие.

Името на тренерот на ПСЖ беше вмешано во расистички скандал, поради што дел од навивачите на тимот побараа тој да добие отказ. И претходно, по неславната елиминација од Лигата на шампионите, се зборуваше дека Галтие нема да остане на функцијата по завршувањето на сезоната.

Во последните денови медиумите во Франција ја лансираа верзијата дека Жозе Мурињо би можел да го замени на лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови