Connect with us

Галатасарај го претстави Серхио Оливеира

Галатасарај потпиша договор со 30-годишниот португалски интернационалец Серхио Оливеира, соопшти клубот од Истанбул. Минатата сезона играчот од средниот ред играше како позајмен во Рома, каде што беше прекомандуван од Порто, но не успеа да го убеди Жозе Мурињо во неговите квалитети и не беше откупен.


Галатасарај за трансферот ќе му плати на Порто 3 милиони евра, а самиот играч ќе добива 2,75 милиони евра годишно, објави Галатасарај.

Оливеира има 13 натпревари за репрезентацијата на Португалија, но никогаш не се наметна во Порто, играјќи за ПАОК, Мехелен и Нант во последните години.

22-кратниот турски шампион Галатасарај заврши на 13. место во последната сезона во Суперлигата на Турција, што е нивен најслаб пласман досега.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови