
Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз од Косово (0-4) на почетокот на новата сезона во Лигата на нациите.
Нашиот тим настапи без најдобрата фудбалерка, Наташа Андонова, чие отсуство сериозно се почувствува. Косовската селекција славеше убедливо во Скопје и се искачи на врвот на табелата.
Натпреварот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ започна лошо за Македонија, откако Калтрина Бичкај постигна гол уште во шестата минута за 0-1. На почетокот на вториот дел Бичкај со втор погодок зголеми на 0-2. Косово потоа постигна уште два брзи гола во 65. и 67. минута преку Фетај и Метај, потврдувајќи ја победата.
Во следното коло од Лигата на нациите, кое е закажано за април, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Летонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal