Женската фудбалска репрезентација на Македонија го запиша својот втор пораз во сегментот Ц од Лигата на нации, откако загуби од Летонија со 1-2 на теренот на Тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Иако македонските фудбалерки покажаа подобра игра, доминираа на теренот и создадоа повеќе шанси, реализацијата беше на страна на противничките. Летонките едноставно беа поефикасни.
Гостинките поведоа уште во втората минута преку Карлина Миксоне. Македонија израмни во 31. минута преку Улза Максути, откако претходно пропушти неколку добри можности за погодок.
Во второто полувреме, нашите фудбалерки одиграа офанзивно, создаваа шанси и се обидоа да дојдат до победа. Сепак, казната за неискористените можности стигна во 81. минута, кога повторно Миксоне ја затресе мрежата на Македонија.
До крајот на натпреварот, Максути ја погоди гредата, а Македонија имаше уште неколку прилики за израмнување, но сепак трите бода ги понесе Летонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













