Женската фудбалска репрезентација на Македонија нејверојатно ја пропушти историската шанса да обезбеди бараж во квалификациите од Лигата на Ц за пласман на ЕП 2025, откако загуби од Летонија на домашен терен со 1-2.
Шокантен беше финишот на натпреварот. По негативата од првиот дел, со оглед дека Летонија поведе во 45.минута со голот на Анастасија Полуховица, Македонија израмни со одличниот гол на Наташа Андонова во 92.минута.
Но, во последните мигови од мечот едно невнимание во одбраната на нашиот национален тим искористи Олга Шевчова и постигна победнички погодок во 95.минута од дуелот.
Македонија и понатаму е второпласирана, со еден бод предност пред Летонија, но во последното коло ќе и гостува на Словенија, која е убедливо најдобра во групата. Летонките пак на домашен терен ќе ја пречекаат најслабопласираната селекција на Молдавија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













