Женската А репрезентација на Македонија денеска (13 часот) на комплексот на ФФМ ќе ја пречека селекцијата на Северна Ирска во квалификации од групата Д за пласман на Светското првенство 2023 што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд.
Селекторот на Македонија, Кирил Изов, се соочува со одредени проблеми околу играчкиот кадар и нема да може да смета на нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, која на претходниот квалификациски дуел против Луксембург, на стадионот „Билјанини извори” заработи повреда.
„Во овој ноемвриски циклус од квалификациите за пласман на Светско првенство не очекува двомеч со репрезентацијата на Северна Ирска, прво во Скопје, а потоа и на гостински терен. Нема да можеме да сметаме на интернационалките Андонова, Рочи и Јаковска поради повреди, а од истата причина во составот нема да бидат и стандардните Николовска, Чубриноска, Положани и Димоска. Токму поради овие проблеми со повреди на неколкумина важни фудбалерки, се одлучив да повикам неколку играчи од селекцијата до 19 години и некоја од нив сигурно ќе дебитира на овие два меча против силниот противник кој е учесник и на претстојното Европско првенство. И покрај сето ова, нема да се предадеме однапред, ќе се обидеме да се претставиме во што подобро светло и ќе се обидеме и да изненадиме, посебно на првиот натпревар во Скопје”, вели селекторот Кирил Изов.
Вториот натпревар меѓу двете селекции во Белфаст е закажан на 29. ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













