
Женската репрезентација на Македонија до 19 година беше поразена со 4-2 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во рамките на првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.
Во 19. минута Уна Ранкиќ погоди за предност на Босна и Херцеговина. Нина Гарибија во 33. минута ја зголеми предноста. Две минути подоцна Таснем Џинџаревиќ погоди за убедливи 3-0.
Во продолжението од натпреварот, Јована Павловска во 64. минута погоди за намалување на предноста, но Јована Лана Новаковиќ веќе во следната минута го постигна четвртиот погодок за Босна и Херцеговина. Јована Павловска во 78. минута го постигна вториот погодок на денешната средба за конечни 4-2.
Македонија: Ведрана Комненова, Емилија Блажевска, Слаѓана Ѓоргиева, Јована Павловска, Јехона Велиу, Ива Јосифова, Михаела Додевска, Васка Василева, Ева Конева, Кристина Крстева, Мелиса Димитриоски;
Селектор: Астрит Мерко;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
