Connect with us

Фудбалер убил мафијашки бос во Швајцарија

Неверојатна приказна доаѓа од Швајцарија, според која поранешен фудбалер станал дилер, а потоа убил мафијашки бос за време на операција за шверц на дрога.


Весникот „Tribune de Geneve“ објави дека фудбалерот кој дебитирал во Втората лига на Франција и играше за швајцарските Lancy FC и FC Aigle, признал дека го убил 44-годишниот мафијаш.

Поранешниот фудбалер, чие име не се споменува во швајцарскиот весник, ги кажа деталите за убиството и објасни дека телото на човекот го фрлил во Женевското езеро.

Во своето сведочење, швајцарскиот фудбалер објасни дека на 16.06.2018 година отишол да земе дрога во Шпанија, но дека операцијата завршила со фатален епилог.

Имено, неименуваниот фудбалер со безбол палка до смрт претепал водач на организирана криминална група. Причината е неплаќање долгови.

Според верзијата на поранешниот дефанзивен играч за врска, убиството се случило во подрумот на куќата на неговите родители во Лион.

По убиството неуспешно се обидел да го закопа телото, па го ставил во вреќа за спиење и го оставил два-три дена во багажникот на автомобилот.

После тоа, тој отишол до каналот Новил да плови два часа во кајак, а потоа неговото тело го фрлил во Женевското езеро.

Француските медиуми објавија дека обвинителството, по серијата неуспешни претреси и судската реконструкција откажана во 2020 година поради пандемијата Ковид, одлучила да ја заврши истрагата за наводното убиство.

За наводното кривично дело, телото не е лоцирано, а судењето е закажано за 9-12 мај во Кривичниот суд во Лион.

Со оглед на признанието и неговата изјава, сосема е јасно дека поранешниот француски фудбалер ќе заврши зад решетки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови