Connect with us

Французите се спасија од испаѓање во Лигата на нации, но се уште „висат“

Актуелниот шампион во Лигата на нации, селекцијата на Франција, конечно ја постигна првата победа на годинашното натпреварување славејќи со 2-0 против Австрија на „Стад де Франс“. Пред овој натпревар „петлите“ беа на последното место во групата 1 од Лигата А и доколку загубеа и официјално ќе испаднеа во понискиот ранг.


И покрај тоа што пропуштија голем број шанси, домаќините сосема заслужено победија со головите на Килијан Мбапе и на Оливие Жиру во второто полувреме. Така, светскиот шампион сега веќе има пет бода, со кои, сепак, нема начин да се вклучи во битката за првото место, во која се наоѓаат Хрватска и Данска кои имаат по 10, односно 9 бода. Австрија сега е на дното на рангирањето.


Дидие Дешамп им даде шанса на двајца играчи да дебитираат за националниот тим. Станува збор за фудбалерите на Монако, Беноа Бадијашил и Јусеф Фофана. Рафаел Варан го предводеше тимот со капитенската лента во отсуство на Хуго Лорис. На голот застана Мајк Мењан, а Оливие Жиру и Килијан Мбапе го формираа напаѓачкиот тандем на „петлите“. Малку зад нив беше Антоан Гризман.


„Одигравме добар меч. Имавме многу шанси, а потоа дојдоа и головите. Мора да бидеме многу поефикасни“, изјави Дидие Дешамп по мечот.


В недела Французите и гостуваат на Данска, а Австрија е домаќин на Хрватска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови