
Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц (22) дефинитивно заминува од Баер Леверкузен, а пристигнаа информации дека веќе го завршил трансферот со еден фудбалски великан од Островот. Тој ќе биде нов играч на Ливерпул, а на „Енфилд“ доаѓа во рекорден трансфер.
Вирц минатата сезона со Баер ја освои Бундеслигата, а оваа не успеа да го спречи Баерн Минхен да се врати на врвот. Веќе беше јасно дека германскиот репрезентативец е подготвен за нов предизвик и голем чекор напред во кариерата.
Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Сити беа клубовите кои го следеа и сакаа да го доведат, но одеднаш во трката влезе и Ливерпул. Англискиот шампион воспостави разговори со Вирц и Баер, а играчот прифатил да се пресели на „Енфилд“.
Според информациите, Ливерпул ги договорил сите лични услови со Вирц, а трансферот ќе биде рекорден во историјата на клубот. Играчот имал разговор со новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот, по што ги одбил Баерн и Реал и порачал дека сака да игра во Премиер – лигата.
Сега преостануваат само финалните детали околу договорот меѓу клубовите, но Баер Леверкузен е задоволен од развојот на настаните и очекува трансферот наскоро да биде официјализиран.
Со овој трансфер ќе биде урнат рекордот на Ливерпул, кој досега најмногу платил за Дарвин Нуњез – 85 милиони фунти. Се тврди дека за Вирц ќе бидат платени најмалку 150 милиони евра, што ќе го направи најскапо платен германски фудбалер во историјата, но и натаму под рекордниот трансфер на Нејмар (222 милиони евра) од Барселона во ПСЖ во 2017.
Вирц, под водство на поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо, се промовираше како еден од најперспективните играчи во светскиот фудбал.
Заедно со Вирц, во Ливерпул ќе пристигне и десниот бек Џереми Фримпонг, исто така од Баер Леверкузен. Со тоа, се распаѓа една блескава генерација, бидејќи тренерот Чаби Алонсо веќе се пресели во Реал Мадрид, а стоперот Џонатан Тах, иако желба на Барселона, потпиша со Баерн Минхен како слободен играч и ќе се приклучи на клубот на 30 јуни.
Иако Баер ќе остане без неколку клучни играчи, со буџет од над 200 милиони евра, клубот ќе има можност да донесе нови засилувања и да остане конкурентен на врвот на Бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Наполи е повторно на тронот во Италија (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски, избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул
