Connect with us

Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Се зголемуваат шансите за германскиот репрезентативец Флоријан Вирц да го засили Ливерпул. Според информации на „Атлетик“, 22-годишниот играч на Баер Леверкузен веќе го информирал раководството на Баерн Минхен дека нема намера да се пресели во редовите на шампионот на Германија, туку го избрал Ливерпул како своја следна дестинација.

Во трката за потписот на Вирц останаа само Ливерпул и Баерн, откако Манчестер Сити се повлече. Сепак, трансферот сè уште не е завршен – „црвените“ од „Енфилд“ ќе мораат да постигнат договор со Баер Леверкузен, кој за еден од најголемите фудбалски таленти на Европа бара отштета од околу 150 милиони евра.

Вирц минатата сезона беше еден од клучните играчи во шампионската генерација на Баер Леверкузен, со 18 голови и 20 асистенции во 49 настапи, и беше прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата. Во тековната сезона тој има 16 голови и 15 асистенции на 45 натпревари.

Минатата недела Вирц бил во Англија заедно со своите родители, каде што му бил презентиран проектот на Ливерпул за иднината – нешто што очигледно го импресионирало. Иако има договор со Леверкузен до 2027 година, клубот се надева дека ќе успее да го задржи уште една сезона.
Но, заминувањето на тренерот Чаби Алонсо и очекуваните продажби на неколку носители на играта може да ја променат одлуката на младиот плејмејкер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови