
По повод 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост, ФК Работнички, во соработка со здружението „Рилука“ од Битола и хуманитарната организација „Св. Спас”, испрати јасна порака… „Да ги видиме невидливите“. Ставен е акцент на лицата кои имаат попреченост, која може да биде од физички или психички карактер, а истата не е јасно видлива.
Исто така, фудбалерите на Херојот од Дебар маало на своите гради носеа ленти со картички на кои беше јасно видлив „Сончогледот“ како симбол, како знак за поддршка на сите оние наши сограѓани на кои им е потребна помош во даден момент при извршување на своите активности (пр. чекање во ред да се купат билет за натпревар, во банка, маркет, институција и сл), а нивната попреченост не е јасно видлива или не можат да ја искомуницираат со нас (пр. се глуви или наглуви, заболуваат од некоја болест, имаат растројство од аутистичниот спектар и слично).
Секогаш кога ќе забележиме лице кое на своите гради ја носи лентата со јасно прикажан „Сончоглед“ на неа, убаво би било да бидеме повнимателни, емпатични, љубезни и трпеливи додека чекаме во ред со него или кога комуницираме со него, затоа што во тој момент нашиот знак на љубезност и внимание за него ќе бидат од голема помош.
Со приклучувањето кон кампањата “Сончогледи за невидлива попреченост”, ФК Работнички само уште еднаш ја докажа својата големина помеѓу останатите прволигаши, кога е социјалната одговорност во прашање, а со овој гест докажа дека и во вонредни услови може да се најде начин како да се даде поддршка на лицата, кои во ова време на пандемија и тоа како се во ризичната група на граѓани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
