Од ФК Брегалница истакнуваат дека со новиот проект за комплетна реконструкција на Градскиот стадион, Штип ќе добие можност да биде домаќин и на најдобрите македонски репрезентации но и домаќин на бројни меѓународни натпревари под капата на ФИФА и УЕФА, и од клупски и од репрезентативен карактер.
СООПШТЕНИЕТО ОД ФК БРЕГАЛНИЦА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Огромно е задоволството да ве информираме дека во насока на подобрување на фудбалската инфраструктура во Штип постигнат е договор за целосна реконструкција на стадионот на ФК Брегалница. Но, и да се заблагодариме на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и членовите на Управниот одбор, како и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски кои заеднички усогласија соработка од интерес на ФК Брегалница и градот Штип.
Најновиот проект, без сомнение, за нас како клуб е од посебно значење за развој и неопходно подобрување на инфраструктурата и дополнение на претходните инвестиции во клубот кои се реализираат изминатите шест месеци. Со изградбата на планираните две трибини ќе заврши комплетното заокружување на еден од најзначајните проекти за ФК Брегалница.
Сето ова за градот Штип, но и за нас како клуб, ќе значи можност за дополнителен развој на фудбалската игра, но и уникатна можност Штип да биде домаќин на најдобрите македонски репрезентативни селекции. Новиот стадион ќе значи и можност за организација и на меѓународни натпревари под капата на ФИФА и УЕФА, од клупски и репрезентативен карактер од највисок тип.
ФК Брегалница беше единствен клуб изминатава сезона во Македонија кој своите првенствени натпревари на домашен терен ги играше во вечерен термин, под рефлектори. На тој начин ќе продолжиме и следната сезона, па со комплетно новиот изглед на Градскиот стадион искрено веруваме дека на најдобар можен начин комплетно ќе ги вратиме нашите навивачи и штипската публика на трибините. За заеднички да се радуваме на сите идни успеси на градскиот миленик!
ФК БРЕГАЛНИЦА
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













