Connect with us

Фирмино како слободен агент доаѓа во Барселона

Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино се прослави во дресот на Ливерпул, мина осум години на „Енфилд“, а на крајот од сезоната ќе се збогува со „црвениот“ дрес, бидејќи му истекува договорот.
Легендарниот напаѓач нема да ја продолжи соработката на „Енфилд“, туку кариерата ќе ја продолжи во Барселона.


Како што пишуваат медиумите на Островот, 31-годишниот Фирмино договорил сѐ со Каталонците и на крајот од сезоната ќе дојде како слободен играч.

Фирмино освои многу трофеи со Ливерпул, Лигата на шампионите, Премиер – лигата, ФА Купот, Лига купот, како и Светското клупско првенство, откако во 2015 година пристигна од Хофенхајм.
Бразилецот одигра вкупно 360 натпревари за „црвените“ и постигна 109 гола, со што стана миленик на навивачите на „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови