Connect with us

Фиорентина по десет години го врати Чезаре Прандели на клупата

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина одлучи да му даде отказ на Џузепе Јакини и веднаш за нов шеф на стручниот штаб го именува Чезаре Прандели. Тој по десет години се враќа на клупата на „вилетовите“ со надеж дека ќе успее да ги повтори успесите од минатото. Прандели со Фиорентина двапати играше во квалификациите за Лигата на шампионите и еднаш стигна до полуфиналето во Купот на УЕФА.

По заминувањето од Фиорентина, Чезаре Прандели беше селектор на Италија четири години, а ги водеше и Галатасарај, Валенсија, Ал-Наср и Џенова. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови