
Женските фудбалски тимови на Каменица Саса и Љуботен ќе ги вкрстат копјата во финалната пресметка и борбата за трофејот во рамките на Купот на Македонија.
Дуелот од финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција на програмата е утре, 14. мај, со почеток во 16. часот.
Финалниот натпревар ќе биде одигран на Градскиот стадион во Велес.
Двете екипи и во минатата сезона играа во финалето на најмосовното натпреварување во Македонија, а триумфираше екипата на Љуботен.
Каменица Саса и Љуботен во досегашната историја го имаат по еднаш освоено трофејот во Купот на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
