Connect with us

ФИФА не ги казни Меси и Мартинез, ќе играат против Хрватска

ФИФА одлучи да не ги казни аргентинската суперѕвезда Лионел Меси и голманот на „гаучосите“, Емилијано Мартинез. Двајцата беа под истрагa за нивните коментари по победата на пенали против Холандија во четвртфиналето на Светското првенство.


Тие ќе можат да играат на утрешниот дуел против Хрватска во битката за пласман во финалето во Катар.


ФИФА го затвори случајот за два дена, одлучувајќи да не им изрече никаква казна на двајцата, како и на играчот од средниот ред Леандро Паредес за прекршокот во 85. минута од натпреварот.


Сепак, не е исклучено да има финансиска казна за Фудбалската федерација на Аргентина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови