
Македонија стана една од првите 15 членки на УЕФА што го имплементираа новиот УЕФА Фитнес А Диплома курс, наменет за високо едуцирани кондициски тренери. Првата генерација броеше 21 учесник, најголем дел од нив со веќе стекнати УЕФА лиценци (C, B, A или Pro).
Во текот на 15 дена, курсот се одвиваше во три едукативни блока со вкупно 140 часа предавања и 191 час интерактивна настава, поддржани од 33 домашни и странски едукатори.
Сето тоа беше под супервизија на УЕФА експертите Лука Милановиќ, Хелсен Вернер, Карло Кастања и Крис Барнс.
Преку оваа програма, Едукативниот центар при ФФМ постави нови стандарди за стручно усовршување во кондициската подготовка, со целосен фокус на практична примена и развој на македонскиот фудбал.
– Особено значајно на оваа диплома – курс е што УЕФА бара учесниците да имаат високо образование во областа на спортот и физичкото образование за да бидат дел од него, што го позиционира курсот на високо професионално ниво.
УЕФА уште пред десет години започна со планирање на едукацијата за фитнес фудбалски тренери и тој процес траеше долго и беше многу темелен. Сега сме во фаза кога навистина ги едуцираме кондициските тренери и оваа едукација е многу важна, бидејќи во иднина лиценцата ќе биде задолжителна за учество на кондициските тренери во натпреварувањата на УЕФА, истакна Владимир Вуксановиќ, кондициски тренер во македонската А репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
