Винисиус Жуниор повторно предизвика хаос во Мадрид. Незадоволен од замената, направи сцена, а потоа се обиде да влезе во конфликт со фудбалерите на Барселона. За легендата на клубот, Фернандо Мориентес, ваквото однесување на еден играч е недозволиво.
Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, остро го критикуваше Бразилецот Винисиус Жуниор поради неговото однесување на теренот за време на „Ел Класико“. Мориентес бил навреден од начинот на кој Винисиус реагирал откако Чаби Алонсо решил да го повлече од игра.
Дваесет минути пред крајот на мечот, тренерот на „кралскиот клуб“ одлучи да го замени Винисиус и на негово место да го внесе Родриго. Тогаш започна хаосот.
Vinicius Júnior poderia ter suas razões.
— Mauro Cezar (@maurocezar) October 26, 2025
Mas se as tinha, Vinicius Júnior as perdeu ao sair de campo dessa maneira.
Simples assim.
pic.twitter.com/gbAgBNzU4U
Бразилската ѕвезда почна да мафта со рацете, да негодува поради замената, а потоа без поздрав со тренерот замина директно во соблекувалната.
За Мориентес, тоа е знак на огромно непочитување. Легендата на клубот добро знае што би направил во ваков случај.
„Пред сè, ова е недостиг на почит кон тренерот. Тој е тој што ги носи одлуките,“ изјави Мориентес за „Коп“.
„Може да се налутиш, може да покажеш незадоволство, но тоа се решава со тренерот следниот ден. За мене, ова е непочитување и кон соиграчот што влегува во игра, кој му е и колега во репрезентацијата. Тоа е непочитување кон навивачите, стручниот штаб — кон сите.“
„Едноставно, не можеш така да реагираш и да мафташ со раце. И тоа не само еднаш. А врв на сè, наместо да седнеш на клупата, одиш директно во соблекувалната. Тоа е недозволиво и заслужува сериозна казна“, додаде Мориентес и заклучи:
„Реал Мадрид е над сите играчи. Без разлика што велат ‘тој клинец е добар’. Кај него ова се повторува постојано.“
Очигледно е дека и на легендите на Реал им е доволно од неговите испади. Мориентес одлучи јавно да проговори и остро да го нападне Винисиус Жуниор.
Веќе подолго време се шпекулира за негов можен заминување од клубот. Саудиска Арабија е подготвена да го направи најплатениот фудбалер во историјата и да го урне трансфер-рекордот. Разговорите со Реал за продолжување на соработката се „заглавени“, па нема да биде изненадување ако клубот реши да го продаде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













