Реал Мадрид на домашен терен ја победи Барселона со 2-1 во десеттото коло од Ла Лига. Со триумфот во „Ел Класико“, мадридскиот гигант се одвои на врвот со пет бода предност пред големиот ривал и актуелен шампион на Шпанија. Едно од најголемите дербија беше бурно и за време и по натпреварот, а по жестокиот меч најмногу се зборува за Винисиус Жуниор.
Крилниот напаѓач на Реал полуде во 71. минута кога тренерот Чаби Алонсо покажа дека треба да излезе од игра за да биде заменет со Родриго. Наместо, како што е вообичаено, да се поздрави со стручниот штаб и соиграчите на клупата, Винисиус бесно замина директно во соблекувалната.
Според „ДАЗН“, токму тогаш ја изговорил бомбастичната изјава: „Си одам од тимот… Си одам, подобро е да заминам!“
Винисиус оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал, од кои 10 како стартер. Беше заменет седум пати, и секој пат кога требало да излезе од игра, покажувал незадоволство — но, како што пишуваат шпанските медиуми, „никогаш вака“.
„Во 71. минута Винисиус виде како четвртиот судија го крева неговиот број. Повторно, Бразилецот не можеше да поверува дека мора да ја напушти играта порано од очекуваното. Овојпат, за разлика од претходните, неговиот бес беше многу поочигледен, а крилото на Реал не го криеше несогласувањето со одлуката на Чаби Алонсо.
‘Јас? Јас? Тренеру, тренеру!’ — извикал Бразилецот со раширени раце, барајќи објаснување,“ пишува „ДАЗН“.
„Додека седумката на Реал се удирала во градите, следела неговата конечна експлозија — јасно изречено „Е*и се!“ кон тренерот. Чаби Алонсо, пак, се обидувал да ја смири ситуацијата: ‘Ајде, Вини, доста е!’“
Според истиот извор, ситуацијата ја смирил тренерот на голманите, Луис Лопис, кој морал да оди во соблекувалната и да разговара со Винисиус. Успеал да го смири, па неколку минути подоцна Бразилецот се вратил на клупата со соиграчите.
На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот на Реал најави дека прашањето ќе се реши внатре во тимот, зад затворени врати. Тој сака да избегне понатамошна полемика, убеден дека ќе ја расчисти ситуацијата во приватен разговор со играчот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













