Фудбалската федерација на Македонија му посака многу среќа и успех на македонскиот првак Шкендија на дуелот со Карабах, а истовремено и упати апел за спортско навивање.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ посакува успех на Шкендија на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Карабах.
Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски.
Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа.
Само со фер-плеј, достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него.
Фудбалот обединува.
Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности.
Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит. Фудбалот на прво место!“, истакнаа од ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













