
Фудбалската федерација на Македонија објави соопштение по повод неодигрувањето на мечот од второто коло во Првата лига меѓу Шкупи и Силекс.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека натпреварот од 2. коло на Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи 1927 и ФК Силекс, закажан за 17 август во 17 часот, нема да биде одигран.
Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин.
Комисијата за натпревари на ФФМ на првиот нареден состанок ќе расправа за случајот и ќе донесе соодветни мерки согласно пропозициите за натпреварување.
ФФМ во изминатиот период покажа целосно разбирање за ситуацијата во која се наоѓа клубот. Оставивме и повеќе од доволно време за да се пронајде соодветно решение.
Направивме сè од своја страна, сите клубови да имаат регулирани услови на почетокот на сезоната.
Но, доколку управата на клубот нема капацитет да ја извршува својата работа и обврски, тогаш одговорноста не може да биде префрлена на ФФМ, туку единствено на раководните лица на клубот.
Воедно, ФФМ укажува дека во изминатите денови, управата на ФК Шкупи неточно праќаше информации во “Куќа на фудбалот” за четири различни стадиони на кои наводно ќе го одигра натпреварот, со што дополнително создаде погрешна слика за состојбата.
ФФМ е должна да ги почитува пропишаните регулативи и тоа ќе го прави во целост.
Се надеваме дека ФК Шкупи ќе ја надмине актуелната состојба и наскоро ќе создаде услови за нормално одвивање на натпреварите“, се вели во соопштението на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
