Connect with us

Фешта во Барселона – Каталонците ја слават 28. титула! (ВИДЕО)

Фудбалска Барселона синоќа се претвори во море од радост, откако тимот на Ханси Флик го совлада Еспањол со 0-2 и ја обезбеди својата 28. титула во Ла Лига.

Каталонците не чекаа долго – славјето започна веднаш! Парадата низ улиците на градот стартуваше околу 18 часот, а атмосферата е очекувано врела. Карванот тргна од легендарниот „Камп Ноу“ и ќе заврши кај Триумфалната капија, едно од симболите на Барселона.

Иако шампионскиот пехар сè уште не е официјално во нивни раце – трофејот ќе им биде врачeн во недела – тоа не ја спречи еуфоријата на фановите и фудбалерите да го разнесат градот со славенички бои.

Барса повторно е на тронот, и тоа со стил!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови