Connect with us

Ете ја и Борусија Дортмунд за титула: „Милионерите“ ја декласираа Херта (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ја совлада Херта со 4-1 и се израмни на врвот на табелата во Бундес-лигата, заедно со Баерн Минхен и со Унион Берлин. Сите три екипи имаат по 43 бода. 

„Милионерите“ поведоа со голот на Карим Адејеми во 27.минута, а пет минути подоцна Дониел Мален зголеми на 2-0.

Херта се врати во мечот со голот на Лукас Тросар, но Марко Ројс во 76.минута од слободен удар погоди за 3-1. Џулијан Брант во 90.минута го постави конечниот резултат.     

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови