Connect with us

Ериксен претставен на „Олд Трафорд“: Дојдов во најголемиот клуб на светот (ВИДЕО)

Неверојатно е, но вистинито. Пред една година колабираше на теренот и се бореше за живот. Успеа да ја добие најважната битка, а сега е и член на Манчестер Јунајтед.


Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен денеска e промовиран во дресот на клубот од „Олд Трафорд“.

„Да се биде фудбалер на Манчестер Јунајтед е навистина нешто посебно. Пред да се случи инцидентот на ЕП, воопшто не размислував да се вратам во Премиерлигата. А сега еве ме овде, во најголемиот клуб на светот. За тоа голема улога одигра и Ерик тен Хаг. Дојдов зашто сакам да играм фудбал, разговорите со него за фудбалот и идеите што ги има, влијаеја многу на мојата одлука да дојдам во Манчестер Јунајтед“, изјави Ериксен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови