
Ерик тен Хаг, поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, е подготвен за ново фудбалско поглавје. Холандскиот тренер пронајде нов предизвик и наскоро ќе биде и официјално претставен како нов кормилар на Баер Леверкузен.
Тен Хаг ќе го наследи Чаби Алонсо на клупата на германскиот клуб, со кој постигна договор за соработка до јуни 2027 година. Потпишувањето на договорот е закажано за понеделник.
Иако Ајакс направи сериозен обид да го врати во своите редови, Тен Хаг сепак избра нова авантура во Бундеслигата, преферирајќи ја понудата од Германија.
Тој ќе треба да направи реконструкција на тимот, затоа што од Баер Леверкузен летово заминуваат тренерот Чаби Алонсо и поголем дел од ѕвездите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
