Македонскиот репрезентативец Енис Барди сака да си го исполни сонот и да го облече дресот на Милан. На шест месеци пред истекот на договорот, Барди побара трансфер на „Сан Сиро“ откако раководството на Милан испрати понуда вредна 5 милиони евра.
Шпанскиот медиум „Супердепорте“ објави дека Енис Барди имал состанок со претседателот на Леванте и побарал да биде продаден до крајот на преодниот рок.
Македонскиот ас дојде во Леванте од Ујпешт за сума од 1,5 милион евра. Договорот на Барди истекува на крајот на сезоната, има опција и за продолжување на уште една година, но клаузулата не може да биде активирана ако Леванте испадне од Ла Лига.
Покрај Милан, за Енис Барди во моментот се интересираат и Реал Сосиедад и Торино.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski