Connect with us

Емоции на максимум на „Енфилд“ во спомен на Диого Жота и Андре Силва (ВИДЕО)

Ливерпул го започна настапот во новата сезона од Премиер лигата на „Енфилд“ против Борнмут, а натпреварот имаше посебно емотивно значење за „црвените“. Тимот им оддаде почит на трагично починатиот свој соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

Двајцата го загубија животот во сообраќајна несреќа, а цел стадион се обедини во трогателна кореографија и едноминутно молчење.

Овој чин предизвика восхит кај сите присутни, испраќајќи силна порака дека споменот за Диого Жота и Андре Силва ќе живее засекогаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови